7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Се удави 14-годишник во базен во Анталија

Момчето се удавило во базенот на хотелот во Анталија, а семејството со обвинувања дека на базенот нема спасувачи.

14-годишното момче, чие име не се соопштува, со семејството било во хотел во турското летувалиште Анталија.

Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.

Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

„Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители“ – изјавил портпаролот на хотелот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Страшна несреќа во Австрија – Работник од БиХ паднал во базен што вриел со цинк

M T

Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

M T

Поради пожарите во Анталија, Османи ја одложи посетата на Анкара

M T

Залутан куршум падна во базен во викендичка во Драчево

M T

Османи од состанокот на ПСЈИЕ во Анталија: Преку регионалната соработка ги надминуваме разликите што го оптоваруваат регионот

M T

Трагедија: Во базен во Прилеп мртов е пронајден чуварот на објектот

CENTAR MKD