10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: За нова водоводна мрежа, за нови улици и патишта, Велебрдо на 20 август гласа за Куртовски и СДСМ

Денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при посетата на општина Маврово и Ростуше, се сретна со жителите на населеното место Велебрдо.

Ковачевски посочи дека Велебрдо ја направило разликата и дека е уверен дека гласот на жителите на ова населено место на 20 август е за Медат Куртовски и СДСМ.

„Колку Медат Куртовски и СДСМ се грижат за ова населено место говорат досега реализираните проекти, меѓу кои и реконструкција и проширување на локалниот пат за село Велебрдо од месноста Стапаров мост до подрачното училиште во селото со што се олесни движењето на возилата. Истовремено, во склоп на реконструкцијата на патот извршена е и изградба на атмосферска канализација на дел од населеното место Велебрдо во вредност од скоро еден милион денари, со што се реши проблемот со атмосферските и отпадните води во централната улица од селото.“ порача Ковачевски, највувајќи дека следуваат и нови проекти за Велебрдо содржани во Програмата на Куртовски.

„Во наредниот период, по изборот на Медат Куртовски за градоначалник, ќе следува и промена на главна водоводна линија, уредување на дел од локален пат во близина на Стапаров мост, ќе се изгради детски забавен парк, а ќе се реконструира и училишната зграда. Во сите проекти и мерки Куртовски може и треба да смета на поддршката од централна власт. Немам дилема дека Велебрдо во сабота гласа за број 1, гласа за Медат Куртовски“ заклучи Ковачевски.

Спонзорирано: