12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Додека сум жив нема да одам на море во Хрватска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порача дека мора да се потруди Србија да има најдобри односи со соседите, но дека не смее да заборави што се случи со српскиот народ во Втората светска војна.

Вучиќ во интервју за телевизија Прва рече дека повеќе од десетици илјади луѓе годишно летуваат во Хрватска и дека негов личен став е дека „додека живее“ нема да оди таму на море. Тој рече дека не им замерува на граѓаните на Србија кои летуваат во Хрватска.

„Оние (граѓаните) кои веќе летуваат таму го искажаа својот став за се, мојот став е дека не би летувал таму и тоа е во ред, секој има свое мислење и тоа е суштината на едно демократско општество“ – изјави Вучиќ за тв Прва.

Тој додаде дека не сакал да оди на море, туку во Јасеновац, за да покаже почит кон жртвите и дека побарал повторно да го посети местото на страдањето, но дека ништо не се случило. Ја повтори својата претходна изјава дека е шокиран што во Белград нема улица посветена на жртвите од Јасеновац, ниту споменик.

Вучиќ оцени дека во Хрватска е почната ревизија на историјата.

Како што рече, Хрватска е лута поради обележувањето на злосторството на патот Петровац, бидејќи сакаат да покажат дека акцијата „Бура“ била „чиста“.

Спонзорирано: