14.8 C
Скопје
1. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради масакрот во Цетиње, каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.

Црногорската влада доцна синоќа донесе одлука, денови на жалост да се сабота, недела и понеделник, 13, 14 и 15 август. По повод тридневната жалост знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции.

На ден на жалост нема да се одржуваат јавни, културно-забавни програми на јавни места, а музика нема да се пушта во угостителските објекти.

Електронските и другите медиуми се должни да ја приспособат својата програмска содржина за да го одбележат денот на жалост.

„Поради невидениот трагичен настан, што резултираше со загуба на животи на црногорски граѓани, Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава Црна Гора“ – се вели во образложението на одлуката.

Во Цетиње вчера попладне 34-годишен маж отвори оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети.

Тој пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин.