16.8 C
Скопје
13. август 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет Во тренд...

Воени вежби за можен кинески напад – Тајван подигна авиони и ги активира ракетните системи на островот

Тајванските власти утринава објавија дека во саботата во Тајванскиот теснец биле откриени голем број кинески авиони и воени бродови кои учествуваат во воени вежби и дека е во тек можен „симулиран напад“ врз островот, пренесува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber
Властите во Тајпеј соопштија дека некои авиони и бродови ја преминале чувствителната „средна линија“ во теснецот, кој го дели Тајван од Кина.

– Нашата армија испрати предупредувања, ангажираше авиони и бродови и активираше ракетни системи, како одговор на оваа ситуација – соопштено е.

Кина сè уште не ја коментираше целта на воените вежби во сабота. Последната тензија доаѓа по серијата воени вежби спроведени од Кина по посетата на претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси во четвртокот.