11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Франција формираше тим за борба против историската суша, повеќе од 100 општини останаа без вода

Француската влада формираше кризен тим за борба против историската суша која остави повеќе од 100 општини без вода за пиење.

– Камиони носат вода во тие области, бидејќи во цевките нема ништо – изјави министерот за еколошка транзиција Кристоф Бечу.

Кабинетот на премиерот соопшти дека тоа е најлошата регистрирана суша во Франција. Употребата на вода е ограничена во 93 региони.

Се очекува сувите услови да продолжат најмалку во следните две недели.

Се стравува дека сушата – што ја погодува речиси целата континентална Франција – ќе го намали приносот на земјоделските култури, што ја влошува кризата со храна предизвикана од војната во Украина.

Поради топлотниот бран од јуни, кој ја зафати Франција, дрвјата и грмушките почнаа рано да ги фрлаат лисјата, создавајќи ја сликата на есента.

Во Франција во јули наврнале само 9,7 милиметри дожд, што е најсушниот месец од март 1961 година.

Наводнувањето е забрането во поголемиот дел од северозападна и југоисточна Франција со цел да се зачува водата.

Приносот на пченката, која главно се користи за добиточна храна, годинава се очекува да биде помал за 18,5 отсто во однос на 2021 година, соопшти Министерството за земјоделство.

Помал извоз на пченка од Франција, Унгарија, Романија и Бугарија се очекува годинава поради топлотниот бран што ќе ја зголеми цената.

Спонзорирано: