23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Не сакам да коментирам судски одлуки, но мора да има построги казни за напади на полиција и користење оружје

„Не сакам да ги коментирам одлуките на судот, тоа не е добро, но со минималните казни се праќаат лоши пораки. Во ниту еден случај и за ниту една цел, не може да нападнете полициски службеник и не смеете да употребите огнено оружје“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека МВР постапиле навремено и одговорно на инцидентот кај Мавровка, кога лице со огнено оружје пукаше за време на протестите. Како што кажа Спасовски, за настанот уапсени се три лица и сите се изведени пред лицето на правдата, со што е спречен поголем инцидентот.

„Државата мора да има силен и жесток одговор во вакви ситуации што ќе ги одврати во динина тие што сакаат вака да постапат. Во тој дел мислам дека санкционирањата мора да се построги“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека внатрешната контрола во МВР го испитувала случајот и заклучила дека службениците постапиле професионално и спречиле поголема ескалација.

Спонзорирано: