3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи – сега е најевтина од почетокот на агресијата врз Украина

Инвеститорскиот страв од рецесија, кинеската нула-ковид политика и зголемените резерви на САД се причините поради кои цената на барел нафта паднаа на најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

Вчера на лондонската берза, Брент нафтата затвори на цена од 94,12 долари што е најниска цена од 18-ти февруари. Во текот на денот цената се апушти и до 93,60 долари за барел.

Утрово на берзата во Лондон цената на нафтата за септемвриските фјучурси се искачува полека но сепак е под 95 долари.

Пад е регистриран на американскиот пазар каде WTI нафтата се продава за под 89 долари барел односно достигна цена на нивото од почетокот на февруари.

Цената на нафтата доживеа голем пад во средата откако беше објавено дека резервите во САД се поголеми од очекуваното бидејќи потрошувачката паѓа поради високите цени на дериватите.

Кина која е најголем увозник на нафта и деривати придонесува за падот поради својата ковид политика на затворање на ризични области.

Стравот од економски пад во Европа и во САД кој може да донесе рецесија е најголемата причина за падот на цената особено откако земјите од ОПЕК + се согласија да произведуваат 100.000 барели нафта повеќе на дневно ниво (0,1% од светската побарувачка) во услови на намалена побарувачка.

-Сепак разговорите за рецесија се се погласни и можно е таа да стане реалност во услови на неизбалансираност, изјавил за Ројтерс, Крег Ерлам, берзански аналитичар од Лондон, кој очекува и пад на нафтата под 90 долари ако продолжат надолните економски трендови.

Спонзорирано: