9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Сања Лукаревска, директорка на УЈП
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Ги започнавме преговорите со ЕУ, нема време за блокади, сите да се посветиме на процесот на реформи

Република Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ, црвените линии се јасно поставени и од страна на мнозинството пратеници во Собранието, имаме заштитен македонски јазик и идентитет, а историските прашања се надвор од преговарачкиот процес, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за Канал 5 Телевизија.

„Ние веќе ја имавме првата меѓувладина конференција и сега сме во процесот на скрининг. Ние сега треба да се посветиме максимално и да ги сработиме нашите домашни задачи, да направиме соодветни реформи, да видиме каде треба да се подобриме, а онаму каде што сме добри да бидеме уште подобри.“ порача Лукаревска.

Лукаревска истакна дека заедничка цел на сите е влезот во ЕУ и дека во Собранието има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса и дека сите потребни измени на законот и Уставот ќе бидат донесени од страна на соодветен број на пратеници.

„Нема време за блокади, ниту за уназадување, во овој процес мора да одиме напред сите заедно“ посочи Лукаревска, додавајќи дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.