5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат основно чувство за државност, свесно погазија по идеалите на Илинден

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Илјадници граѓани масовно, гордо и достоинствено, во Крушево го чествуваа големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката.

На достоен начин беше оддадена чест и признание на славните предци од Илинденското востание и од народно ослободителната борба.

Но и оваа како и години претходно ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнеше на предвидената агенда, за потоа да ја напуштат манифестацијата пред интонирањето на државната химна.

Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување.

ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели.

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава.

Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи.

Мицкоски му кажа НЕ и на Илинден и на таков свечен ден не пропушти прилика да сее омраза и поделби меѓу граѓаните.

Само политички деструктивци, какви што се Мицкоски и Николовски, без основно чувство за државност вака се однесуваат на најголем национален и државен празник.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат ни малку државничко однесување, дека нивната единствена агенда се деструкциите, блокадите и дејствување на штета на државните и националните интереси.

Спонзорирано: