19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Шолц: На Украина и’ испративме оружје какво што нема германската армија

Германија продолжува да ја снабдува Украина со оружје, испорачувајќи, меѓу другото, ново оружје, од кое дел се уште го немаат ниту германските вооружени сили, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за „Глоуб и Меил“.

Според него, украинските војници се обучуваат да користат нова опрема во Германија.

Германија претходно најави дека има намера да ја снабди Украина со најсовремен систем за противвоздушна одбрана со кој располага.

Покрај тоа, Украина треба да добие од Германија радар за лоцирање на позицијата на непријателските хаубици, топови и ракетна артилерија.

Со овие најави, германскиот канцелар одговори на обвинувањата дека се однесува неодлучно и премногу се колеба по прашањето за војната во Украина, односно на приговорот дека неговата влада не ја спроведува одлуката на Бундестагот, која неколку недели пред да го поддржи испраќањето тешко оружје во Украина.

Тие приговори не се точни, рече Шолц претходно. Тој во својот получасовен настап во Бундестагот детализираше се што досега Германија им испорачала на Украинците, односно што ќе испорача.

Спонзорирано: