14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата нема намера да се пензионира во брзо време

Папата Франциск во овој момент не размислува за можно пензионирање, тоа не е опција, барем во догледна иднина, потврдил висок извор од Ватикан.

По бројните шпекулации дека актуелниот поглавар на Римокатоличката црква, поради здравствени проблеми, би можел, како и неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, да ја напушти функцијата, овие наводи се побиени.

Бидејќи неодамна користеше инвалидска количка во Канада, блиски соработници на папата велат дека нема поголеми здравствени проблеми. По Канада, постои можност папата да замине во Украина, што се уште не е официјално потврдено, а од патувањето во Москва очигледно нема да има ништо. Круговите во Ватикан тврдат дека папата Франциск нема ништо против да ја претстави сликата на стар и ранлив човек кој има осумдесет и пет години и кој бил подложен на голема операција на дебелото црево, а сега му пукнал лигамент на коленото.

„ Всушност, во ниту еден момент немаше никаков сомнеж дали папата ќе одлучи да се пензионира токму сега, додека Бенедикт е жив. Дури и за Франциск, кој нема проблем со протоколот и строгите правила, би било премногу ако има двајца папи во пензија во Ватикан, што не се случило во историјата. Можното влошување на здравјето, а потоа и пензијата ќе биде на дневен ред можеби за неколку години, но сигурно не сега“, вели изворот.

Папата, велат, сонува да се врати на вистинското име Хорхе Марио Бергољо и да ги извршува должностите на пензионер, но тој сон очигледно нема да се оствари наскоро. Иако многумина предвидуваат дека толку долги и напорни патувања како ова во Канада нема да се повторат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Папата: Украинците се маченички народ кој се соочува со тортура

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Папата патува на Арктикот каде ќе им се извини на Ескимите за сексуалното злоставување деца

M T

Папата негира дека планира да поднесе оставка

M T

Папата очекува средба со рускиот патријарх Кирил во септември

M T

Папата: НАТО можеби придонесе за нападот на Украина

M T