23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИКИЗБОР

Феноменот „војна за крпа на плажа“ е во пораст – Еве на кои европски туристи им припаѓа таа титула

Борбата со крпите за омилено место на плажа е стара колку и модерниот туризам. Годинава, како што покажуваат случаите од Хрватска, оваа „војна“ ескалирала.

Слика на германски и британски туристи кои секое утро се борат за своето омилено место на плажа или покрај хотелскиот базен, заземајќи го местото со крпи, по можност со знамињата на соодветните земји. Одамна е дел од народните приказни во летните одморалишта низ Медитеранот. Но, она што кај повеќето предизвикува кимање со главата или потсмев, за некои е очигледно прашање на живот и смрт.

И оваа година, како и многу работи поврзани со одмор и патување, така и ова прашање ескалира.

„Поради пандемијата, луѓето долго го чекаа својот одмор и можеби сега, повеќе од порано, чувствуваат дека треба да го извлечат максимумот од времето поминато на одмор“, вели експертот за туризам Алексис Папатанасис од Високата школа на туризмот во Бремен.

Во својата работа тој особено се фокусираше на феноменот на рано утринскиот спорт за заземање на посакуваните места на плажа или покрај хотелскиот базен.

Колку што е стара оваа „војна“, толку се и обидите на одговорните да стават крај. Во шпанскиот Тенерифе, многу хотели вработиле „шерифи на базените“ кои наутро ги обиколуваат базените и ги отстрануваат крпите кои се таму од раните утрински часови.

Притоа, хотелите се повикуваат на куќниот ред, според кој резервацијата на место е дозволена само од 10. Меѓутоа, многу „воини за крпи“ пристигнуваат во зори и повторно спијат или појадуваат, додека место на лежалката останува недостапна за другите. Случаите како оној во Нови Винодолски, каде градските власти интервенираа против „воините за крпа“, засега се непознати во Шпанија.

Феноменот на тоалетна хартија

Папатанасис во стручен труд се посвети на оваа појава и преку разговори со туристички работници или гости дошол до заклучок дека многу гости го бранат своето место под сонцето само затоа што мислат дека нема да има доволно места.

„Тоа е слично на феноменот на тоалетна хартија за време на пандемија: луѓето слушаат дека нешто нема залиха и почнуваат да се однесуваат како навистина да нема залиха“, вели Папатанасис.

Но, се чини дека во митологијата на европските туристи, титулата „воин за пешкир“ сè уште им припаѓа на Германците. И тука предничат Британците, кои оваа борба со „тевтонците“ ја вклучија во бројни огласи во кои зборуваат за „beach towel brigade“, што секако се однесува на Германците.

Авиокомпанијата Swiss, исто така, ги исмеа своите соседи и испрати швајцарски чувар (кој вообичаено го чува Ватикан) да го чува пешкирот на германски турист на плажата.

Папатанасис смета дека сето тоа е малку претерано.

„Во мојата научна работа се занимавам со сериозни проблеми поврзани со туризмот, како што се перење пари, сексуално насилство или криминал или проблеми во сообраќајот. Навистина е тешко сериозно да се сфати „војната за крпа““, заклучува овој експерт за туризам.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ТУРИСТИТЕ ГИ ИЗБЕГНУВААТ – Овие земји се најнепосетуваните во светот

M T

Берлин и Париз се против забраната за руски туристи

M T

Туристи останаа заглавени во туристички град во Кина, по воведување локдаун

M T

Нов Зеланд ја отвори границата за туристи од Австралија

M T

Четворица киднапирани турски туристи пронајдени во куќа во близина на Сараево

M T

Израел ја продолжи забраната за влез на туристи поради омикрон

M T