11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Зекири: Имаме решнија за Маврово-Ростуше, заокружете 1, да продолжиме по патот кој го постави СДСМ

Преку разни програми со поддршка на владата и општината, Маврово и Ростуше успешно ги реализира своите идеи и се развива. Настапуваме со идејни решенија за нашата општина, нашата визија и вашите идеи ги преточивме во проекти за доброто на сите нас. Заеднички да го направиме поквалитетен животот во нашата општина, рече на вечерашната промоција на кандидатот за градоначалник на Маврово Ростуше, Медат Куртовски.

Зекири додаде дека во изминатите години под водство токму на градоначалникот Медат Куртовски се реализирани повеќе проекти во Маврово Ростуше во сите населени места.

„Реализирани се проекти што остануваат да говорат за нас, докажавме дека општината може да се води чесно, транспарентно и одговорно. Во изминативе 4 години подеднакво се вложи во сите населени места. Сега општината Маврово и Ростуше е на здрав стабилен темел, со реален раст и развој на општината, со готови проекти и обезбедено финансирање.“ рече Зекири.

Пратеничката ги повика граѓаните на Маврово Ростуше да излезат на изборите на 20 август, да заокруѓат 1 на гласачкото ливче и да го дадат својот глас за уште еден мандат на Медат Куртовски

„Имаме јасен план,концепт за одржлив развој и политика за рамномерен локален развој. Направивме програма со приоритети кои ги таргетиравме во постојаната комуникација во изминативе 4 години. Почитувани присутни низ сиот овој период како партија и влада покажавме одговорност и инклузивност во процесот на носење решенија. Сметам дека нашиот регион повторно добива можност за продолжување на процесот во усовршување на општината. Да ја потврдиме шансата за нашата општина да продолжи да се усовршува по сите стандарди .“ рече Зекири.

Спонзорирано: