9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Бајден повторно позитивен на коронавирус

Лекарот на Бајден, Кевин О’Конор, истакна дека повторниот позитивен тест на вирусот е забележан кај мал процент на пациенти третирани со лекот „Паксловид“, а дека претседателот нема никакви симптоми на вирусот, но ќе остане во изолација

Три дена откако излезе од изолација со негативен ковид-тест, американскиот претседател Џо Бајден е повторно позитивен на коронавирусот, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор, додавајќи дека повторниот позитивен тест на вирусот е забележан кај мал процент на пациенти третирани со лекот „Паксловид“.

О’Конор, рече дека Бајден бил негативен во вторникот навечер, средата наутро, четвртокот наутро и петокот наутро, сè до саботата наутро, кога добил позитивен тест на ковид.

„Сепак, со оглед на неговиот позитивен антигенски тест, тој повторно ќе започне строги процедури за изолација“,

истакна докторот, додавајќи дека Бајден нема никакви симптоми, но оти ќе се изолира во Белата куќа.

Со објава на Твитер и самиот претседател објави дека е повторно позитивен на коронавирусот, дека нема никакви симптоми, но дека ќе се изолира поради безбедноста на сите околу него.

„Луѓе, денес повторно бев позитивен на ковид. Ова се случува со мало малцинство луѓе. Немам никакви симптоми, но ќе се изолирам за безбедноста на сите околу мене“, стои во Твитер-објавата на Бајден.

Спонзорирано: