13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Разорни поплави во САД: Најмалку осум лица го загубија животот

Најмалку осум лица ги загубија животите по обилните дождови кои вчера предизвикаа поплави во американската сојузна држава Кентаки, изјави гувернерот, кој стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

– Ова би можеле да бидат најлошите поплави во поновата историја, разорни и смртоносни – изјави гувернерот Енди Бешеар во време кога не се знае бројот на исчезнати, а се очекува дождливото време да продолжи до петок.

– Засега можам да потврдам осум загинати, но тој број расте од час во час – додаде тој. Очекува, како што рече, „двоцифрена“ бројка на жртви. Околу Џексон, некои патишта се претворија во реки со некои напуштени автомобили. Некои делови во четвртокот беа поплавени со светло-кафеава матна вода над која беа видливи само покривите на зградите и дрвјата.

Во такви околности, многу жители побарале засолниште на покривот од својата куќа, чекајќи помош. „Дваесет до триесет“ луѓе беа евакуирани по воздушен пат, додаде Бешер во четвртокот вечерта за локалната телевизија.

Поради климатските промени предизвикани од човекот, се зголемува количината на водена пареа во атмосферата, што го зголемува ризикот од прекумерни врнежи, проценуваат научниците. Дождот, заедно со другите фактори, најпрвин преголемата развиеност на теренот, влијае на се почестата појава на поплави.

Во некои делови на Кентаки за 24 часа паднале 8 инчи дожд, а до петок навечер се очекуваат повеќе врнежи, па предупредувањето за поплави останува на сила. Демократскиот гувернер прогласи вонредна состојба во некои окрузи, а во спасувањето се вклучени четири хеликоптери и чамци на Националната гарда. Околу 25.000 луѓе беа без струја, а некои без вода за пиење во таа држава во четвртокот, рече гувернерот.

Спонзорирано: