12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Среде енергетска војна, Русите завршуваат огромен гасовод во Кина

Кина и Русија се во завршна фаза на изградба на првиот гасовод што ќе го снабдува Шангај со гас од Сибир.

Гасоводот „Моќта на Сибир“, како што се нарекува делот лоциран во Русија, почна да испорачува природен гас во северна Кина уште во декември 2019 година. Гасоводот од кинеската страна минува низ источната страна на земјата, покрај Пекинг и сè до Шангај. Средната фаза на работите започна во декември 2020 година, а последниот, јужниот дел, ќе започне со испорака на гас во 2025 година, јавуваат кинеските државни медиуми.

Енергетските гиганти во сопственост на две држави, рускиот Газпром и Кинеската национална нафтена корпорација, го градат гасоводот веќе осум години. Завршната фаза од изградбата доаѓа токму во моментот на големата енергетска војна меѓу Русија и Западот.

Кина бараше диверзификација на своите извори на енергија, а обемот на овој гасовод најпластично покажува каква диверзификација првично имал Пекинг на ум.

Иако Русија наводно инвестирала 55 милијарди долари во овој нов договор за гас со Кинезите, Пекинг увезол гас во вредност од само 3,81 милијарди долари од 2019 година. Сепак, темпото на кинеските купувања експоненцијално се забрза веќе во првата половина од оваа година.

Во извештајот на Интерфакс се наведува и дека вкупниот извоз на Газпром во земјите кои не биле дел од Советскиот Сојуз паднал за 31 отсто, на 68,9 милијарди кубни метри, во првите шест месеци од оваа година.

На почетокот на февруари Кина и Русија го проширија годишниот договор за купување гас за 10 милијарди кубни метри – ниту една од земјите не прецизираше кога точно треба да се спроведе договорот, туку изјавија дека станува збор за „долгорочен договор“.

И Кина и Русија разговараа за изградба на дополнителни гасоводи, како што се очекува да поминува од Сибир преку Монголија.

Во меѓувреме, Кинезите и Русите продолжуваат да соработуваат за развој на нуклеарната енергија. Во мај 2021 година, кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин го иницираа она што тогаш беше опишано во медиумите како револуционерен настан – изградба на две заеднички нуклеарни централи во Кина.

Кина во последните месеци купува се повеќе руски јаглен, кој се уште е доминантен извор на енергија во таа земја, а сега од Русија пристигнува со специјален попуст за источните пријатели.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Украина затвори дел од клучниот гасовод кон Европа, Русија веднаш реагира

M T