14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

САД објавија нова проценка на руските загуби, бројките се огромни – Над 75.000 руски војници се убиени или ранети во окупацијата врз Украина

Повеќе од 75.000 руски војници се убиени или ранети во војната во Украина, изјавија претставници на администрацијата на претседателот Џо Бајден пред американските пратеници на вечерашниот затворен брифинг.

„Ни рекоа дека повеќе од 75.000 Руси се убиени или ранети. Тоа е огромен број. Русија инвестираше огромни ресурси во инвазијата на Украина. Исто така ни е кажано дека повеќе од 80% од руските копнени сили се заглавени, не напредуваат и се уморни“, рече конгресменката Елиса Слоткин од Демократската партија, која е член на Комитетот за вооружени сили на Конгресот и неодамна ја посети Украина.

„Сепак, се работи за руската армија“, додаде таа.

Спонзорирано: