21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петров: Протоколот со Бугарија не е дел од преговарачката рамка

„Македонија презеде обврски, како и сите други кои преговарале со ЕУ што имале обврски, но огромна е разликата од тоа дали протоколот ви е во рамката, како што беше првичната конструкција и кога е на база на меѓусебни обврски меѓу две држави. Сега протоколот не е во преговарачката рамка“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека сите земји при влезот во ЕУ разговараат за одрени проблеми кои ги имаат и дека само преку сфаќање дека мора да се продолжи заедно се расчистуваат работите.

„Тоа е пат што мора да го изодиме. Тезата зошто ние да ги ставаме Бугарите во Уставот, а не се грижиме за нашите во Бугарија, подобро ќе се грижиме за нашите луѓе кога ќе сме дел од ЕУ, еднакви, отколку сега кога вергламе и се вртиме во место. За мене начинот е да продолжиме напред“ рече Петров.

Тој додаде дека реципроцитет може да издејствуваме само во ситуација кога сме рамноправни и гласот ќе ни тежи исто за да може и ние да наметнуваме услови.

Спонзорирано: