13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петров: Пратениците се колнат пред Уставот и граѓаните, во Собранието не вредат нотарски изјави

„Пратениците во Собранието се колнат пред Уставот и пред граѓаните што ги избрале. За пратениците, независно од нивната партија, важно е нивното убедување. Тука не вредат нотарски изјави, како што имаме и примери од други земји, пратениците одлучуваат автономно, независно од партијата“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека треба да ферментира сознанието за преземените обврски на земјава, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Независно дали сте власт или опозиција, ние пред меѓународната заедница ја презентираме државата и како држава имаме обврска која е преземана и треба да се спроведе. Темата за уставните измени се подигна непропорционално високо во јавната дебата“ рече Петров.

Тој додаде дека ова е тема за која долго се дебатира и дека дел од луѓето кои сега се спротивставуваат, беа заговорници за внесување на одредени заедници во Преамбулата на Уставот.

Спонзорирано: