13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Светска Здравствена Организација/WHO.int / printscreen
ТЕМАСВЕТ

Апелот на првиот човек на СЗО: Намалете го бројот на сексуални партнери

Претставниците на СЗО претходно потенцираа дека секој кој бил во близок контакт со заразена или контаминирана облека или постелнина може да биде заразен со мајмунски сипаници.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска им препорача на мажите кои се изложени на ризик да заболат од мајмунски сипаници да размислат за намалување на бројот на сексуални партнери.

Тој додаде дека досега 98 отсто од случаите на инфекција се откриени кај хомосексуалци и бисексуалци и ги повика оние кои се изложени на ризик од инфекција да преземат чекори за да се заштитат.

„За мажите кои имаат секс со мажи, тоа значи дека тие носат сигурни одлуки за себе и за другите. Тоа значи дека засега го намалуваат бројот на сексуални партнери“, вели Гебрејесус.

Тој додаде дека заразените треба да се изолираат и да избегнуваат собири кои вклучуваат близок контакт.

Претставниците на СЗО претходно нагласија дека мајмунски сипаници може да заболи секој кој бил во близок контакт со заразена или контаминирана облека или постелнина.

Советникот на СЗО за ХИВ, хепатитис и сексуално преносливи болести, Енди Сил, рече дека експертите утврдиле дека мајмунските сипаници „недвосмислено се пренесуваат преку сексуален контакт“.

Д-р Хју Адлер, кој ги лекува пациентите со мајмунски сипаници во Велика Британија, рече дека анонимниот секс каде што не може да се најде трага на учесниците помага во ширењето на болеста.

„Исто така, веројатно е дека мајмунските сипаници отсекогаш се пренесувале и се манифестирале вака, само што досега не била видена или раширена вака“, рече Адлер.

Од почетокот на инфекцијата, регистрирани се повеќе од 19.000 случаи на инфекција во над 75 земји во светот. Смртните случаи биле забележани само во Африка.

Спонзорирано: