7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Свечено отворање на Пељешкиот мост, најголемиот инфраструктурен проект во Хрватска

Во Хрватска денеска ќе биде пуштен во сообраќај Пељешки мост, најголемиот инфраструктурен проект во земјата, чија изградба со речиси 80 отсто ја финансираше Европската унија од сопствени средства.

Мостот е дел од проектот „патна врска со јужна Далмација“ и го претставува најважниот геостратешки проект од национален интерес, бидејќи со неговата изградба е воспоставен територијалниот континуитет на хрватската територија.

Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон.

Периодот на изградба беше пет години за сите фази, а Европската Унија учествуваше со 330 милиони евра или 78,5 отсто од вредноста на проектот.

Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет главни (централни) распони се долги 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови се високи 33 метри, како и две ленти заедно со лента за застанување која ќе служи за одржување на мостот.

Мостот е долг 2.400 метри, а навигацискиот профил под мостот, договорен со експертската група на БиХ, е 200 на 55 метри.

Мостот го изгради кинеската државна компанија „China Road and Bridge Corporation“, објавија хрватските медиуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Во Хрватска 10 случаи на мајмунски сипаници

M T

Хрватска ги замрзна цените на горивата на уште 14 дена – Дистрибутерите: Ги затвораме бензинските

M T