18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
gir
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гир: Треба да се запрашаме зошто толкава опозиција за менување на Уставот сега, кога оваа идеја одамна циркулира во јавноста

„Впечатливо е што идејата за менување на Уставот се појавуваше и претходно, пред Францускито предлог и тогаш не слушнав многу противење на тоа. Треба да се запрашаме зошто сега има толкава опозиција за тоа“ запраша евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека доколку не се случат уставните промени, веројатно целиот процес ќе запре, но не поради интервенција на трета земја или вету, туку поради одлуката на земјава да се повлече од преземените обврски кон Бугарија.

„Преговарачката рамка е усовена од Европскиот совет, преговорите и скринингот започнаа. На крајот на скринигот ќе има Втора меѓувладина конференција, за која е потребно Северна Македонија да ја исполни обврската кон Бугарија за промена на Уставот. Оваа одлука е во рацете на Северна Македонија“ рече Гир.

Евроамбасадорот истакна дека основата на преговарачкиот процес се реформите и усогласувањето со ЕУ законодавството, со цел трансформација на земјата и подобрување на условите за живот.

Спонзорирано: