17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија, Албанија и Србија на координација во Тирана: Отворен Балкан заедно против пожарите и против недостатоците од храна и струја

Владината делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини, националните координатори за Отворен Балкан Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори денеска и утре во Тирана ќе имаат интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.

На средбата на работните групи ќе се дефинира и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните на Отворен Балкан, како и отстранување на работните дозволи.

На крајот на работните средби, во вторник се очекува и завршна прес-конференција на која заклучоците ќе бидат презентирани пред јавноста.

Спонзорирано: