4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Frontline.mk: Мицкоски повторно во Будимпешта кај Орбан, ќе се сретне ли и со Груевски

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николовски, повторно отпатувале за Будимпешта каде денеска се сретнале со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски, освен во Будимпешта, не патува во официјални посети речиси никаде, зашто никој од европските лидери и не ги поканува.

По каков совет заминаа Мицкоски и Николовски овојпат во Будимпешта кај Орбан, ако се има во предвид дека пред некој ден ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за одржување референдум за прифаќањето на преговарачката рамка со ЕУ, останува да претпоставуваме. Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, тие на средбата разговарале за ЕУ интеграцијата на Македонија и големите потешкотии што се очекуваат претстојната зима на енергетски план.

Пред секоја поважна одлука за Македонија, Мицкоски патува во Будимпешта и бара аманет од Орбан и Груевски.

Што ќе се случи овој пат, дали Орбан ќе го охрабри Мицкоски за најавениот референдум, или ќе го премисли, останува да видиме.

Од ВМРО-ДПМНЕ не спомнуваат дали Мицкоски ќе ја искористи посетата на Будимпешта за да се сретне и со неговиот ментор Груевски. Никола Груески се нема изјаснето и нема објавено статус на Фејсбук во врска со отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, иако тоа му е редовна практика и начин на комуникација со македонската јавност откако избега од лицето на правдата и доби азил од Орбан.

Анализата е превземена од Фронтлајн.мк, автор. Д.Е.