21.8 C
Скопје
1. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Белгија наесен, најверојатно, ќе ги врати мерките против Ковид-19

Властите во средината на јули објавија дека Белгија е во седмиот бран на пандемијата на Ковид-19, па белгиските виролози сега предупредуваат дека некои од рестриктивните мерки, најверојатно, ќе бидат вратени од 1 септември, а на прво место е задолжителната обврска за носење заштитни маски за лице.

„Доколку наесен се појави нова варијанта, подобро да бидеме подготвени. Маските за лице во јавниот превоз тогаш, веројатно, ќе бидат првата мерка што владата би можела повторно да ја воведе“, рече водечкиот белгиски виролог Марк ван Ранст.

Податоците покажуваат дека пикот на инфекции со Ковид-19 од сојот омикрон BA.5 го достигнал својот врв во Белгија и дека бројот на нови инфекции почна повторно да опаѓа.

Се наведува дека досегашните мерки на проветрување се доволни, но се посочува дека на почетокот на учебната година и кога луѓето ќе се вратат од одмор, можно е повторно да бидат потребни заштитни маски за да се спречи брзото ширење на вирусот.

Во Белгија повеќе од 9,09 милиони луѓе се целосно вакцинирани против Ковид-19, што претставува 89 отсто од возрасната популација и 78 отсто од вкупното население во земјата, а 7,17 милиони од нив ја примиле првата бустер-доза.