18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Здравствената состојба на Бајден се подобрува, ковид-симптомите сè полесни, објавил неговиот лекар

Симптомите на американскиот претседател Џозеф Бајден за Ковид-19 се подобруваат и тој сега има помалку болки во грлото и кивање, помалку кашлање и помалку болки во телото. Ова го изјавил неговиот лекар Кевин О’Конор.

Белите дробови на Бајден се сè уште „чисти“, а заситеноста со кислород е сè уште одлична на собниот воздух, рекол тој.

О’Конор кажал дека пулсот, крвниот притисок и температурата на Бајден биле во нормални граници.

Тој додал дека американскиот претседател добро ја поднесува терапијата.

Бајден најверојатно ја има многу заразната варијанта БА5, изјавил О’Конор.

Спонзорирано: