18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија ја доврши нуклеарната подморница – Долга е 184 метри, има „мега торпеда“, шпионска опрема

„Белгород“, најдолгата подморница во светот, беше предадена на руската морнарица претходно овој месец во пристаништето Северодвинск. Џиновската руска подморница „Белгород“ има неверојатна должина од 184 метри, јавуваат агенциите.

Според нивните написи, „Белгород“ има зафатнина од 14.700 тони и е двојно поголема од подморница во британската морнарица и е вооружена со нуклеарни подводни торпеда контролирани од вештачка интелигенција.

Рускиот претседател Владимир Путин се пофалил, како што пишуваат медиумите, дека овие беспилотни „Посеидони“ можат целосно да уништат цели оддалечени дури 6.000 милји, а се специјално дизајнирани да им се спротивстават на подводните сили на НАТО.

Подморницата е опремена и со подводен приклучок што и овозможува да распореди помала подморница и беспилотни дронови. Гласините велат дека подморница како оваа може да ги саботира комуникациските кабли и нафтената инфраструктура во Северното Море.

Експертите велат дека нејзиниот дизајн е модифицирана верзија на руските подморници со наведувани проектили од класата „Оскар II“, издолжена за на крајот да ги собере првите стелт торпеда вооружени со нуклеарно оружје и опремата за собирање разузнавачки информации.

Доколку „Белгород“ успее успешно да ги додаде овие нови способности на руската флота, тоа би можело да го постави теренот за враќање на подморските сцени од Студената војна во следната деценија, со американски и руски подморници кои би се следеле и ловеле меѓусебно во тензична конфронтација, пишува Си-Ен-Ен.

Агенцијата ТАСС објави дека подморницата ќе носи нуклеарни торпеда „Посејдон“, кои се дизајнирани да бидат лансирани стотици милји подалеку и да се лизгаат покрај крајбрежната одбрана патувајќи по морското дно.

„Ова нуклеарно „мега торпедо“ е единствено во историјата на светот“, напиша американскиот експерт за подморници H. I. Saton на својата веб-страница „Covert Shores“ во март.

„Посејдон е сосема нова категорија на оружје. Ќе го преобликува поморското планирање и во Русија и на Запад, што ќе доведе до нови барања и нови контра-оружја“, напиша Сатон.

И американските и руските официјални лица изјавиле дека торпедата би можеле да испорачаат боеви глави од повеќе мегатони, предизвикувајќи радиоактивни бранови што ќе ги направат деловите од целното крајбрежје непогодни за живеење со децении.

Спонзорирано: