20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Огромен пожар во Словенија, ангажирана е и војската

Командантот на Цивилната заштита, Сречко Шестан, рече дека никогаш немале толку пожарникари на терен како во моментов поради пожарот кој од Италија се прошири во Словенија.

Според медиумите, речиси 1.300 луѓе, меѓу кои 1.000 пожарникари, се бореле со пожарот во текот на денот.

Кога пожарот почнал да ги загрозува куќите, биле ангажирани дополнителни сили, а Шестан оцени дека тоа е најголемиот пожар во Словенија досега.

„Во моментов ситуацијата на Крас е под контрола, нема силен ветер, што го олеснува гаснењето на пожарот, бидејќи огнот не се шири. Секако, ситуацијата може брзо да се промени, бидејќи е навестено невреме“, напиша утрово министерот за одбрана Марјан Шарец, додавајќи дека во гаснењето на пожарот постојано учествува и словенечката армија.

Од вчера армијата помага за водоснабдување и сместување, повикана е и воената брза помош, а ќе извршат и увид со термална камера за откривање на скриените жаришта. Ќе обезбедат и оброци за единиците на терен.

Хеликоптер на хрватското воздухопловство со опрема е испратен за гаснење на пожарот во Словенија во областа Реншки Врх кај Нова Горица, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.

Пожарникарите од Хрватска го гаснат пожарот и во Словенија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Во Словенија падна снег

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T