11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Отворена е можноста за преговори со Украина

Официјален Кремљ објави дека Русија не се откажала од преговорите со Украина, кои би го решиле актуелниот конфликт.

Кремљ нагласи дека можностите за дијалог се уште постојат.

„Ниту претседателот на Русија, Владимир Путин, ниту министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, никогаш не зборувале за затворање на овие врати, постојат можности за дијалог меѓу Москва и Киев“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно, Лавров изјави дека во сегашната ситуација мировните преговори меѓу Русија и Украина немаат смисла.

Тој потсети дека дури и првите рунди од мировните преговори во текот на пролетта, кои се одржаа во Белорусија, „точно го покажаа отсуството на желбата на украинската страна сериозно да разговара за било што“.

Рускиот претседател Путин за време на посетата на Техеран објави дека украинските власти одбиле да ги спроведат договорите, иако тие се практично постигнати и дека конечниот резултат од преговорите зависи од желбата на договорните страни да ги исполнат постигнатите договори.

Според него, „властите во Киев немаат таква желба“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T