10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Голем шумски пожар во Атина, зафатени се куќи ,евакуирана е детска болница

Шумски пожар поттикнат од силни ветришта утрово беснее во планинската област Пентелик кај Атина, проголтувајќи куќи, поради што властите наредија евакуација на најмалку девет области и една детска болница.

Тројца пожарникари и девет локални жители се здобиле со полесни повреди и биле пренесени во болница со тешкотии со дишењето.

Дебели облаци од чад го затемнија небото над Пентелико каде што избувна пожарот околу 14:30 часот во вторникот, на околу 27 километри северно од центарот на Атина. Засега нема извештаи за жртви, соопштија пожарникарите.

Во битката со огнената стихија на повеќе фронтови учествуваат околу 485 пожарникари и 120 противпожарни возила. Петнаесет хеликоптери и авиони испуштија вода врз пламените јазици, а операциите беа прекинати ноќе од безбедносни причини.

Локалните власти соопштија дека во пожарот изгореле некои куќи во областа Палини. Властите наредија евакуација на девет области, вклучувајќи ги Палини и Геракас.

Една болница и Националната опсерваторија во Атина беа евакуирани како мерка на претпазливост. Сообраќајот беше запрен на патиштата кои водат кон Пентели, а на најмалку 600 жители им беше потребна помош од полицијата за излез од областа зафатена од пожарот.

Силниот ветер се очекува да продолжи до попладнево. Пожарникарите соопштија дека 28 пожарникари од Романија им помагаат на локалните пожарникари. Повеќе од 200 пожарникари и опрема од Бугарија, Франција, Германија, Романија, Норвешка и Финска ќе бидат на подготвеност во најжешките месеци, јули и август, во Грција.

Минатата година шумските пожари опустошија околу 121.000 хектари шуми и грмушки во различни делови на Грција, кои го доживеаја најлошиот топлотен бран во последните 30 години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран

M T

Министерот Спасовски во Атина на Министерска конференција во рамки на претседавање на Елинска Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

M T

Експлозија и пожар во центарот на Атина, има повредени

M T

Од Атина упатен повик, претставниците на законодавните домови да се заложат за мерки за безбедна и здрава животна средина

M T

Наредена евакуација на неколку села поради пожар северозападно од Атина

M T

Горат борови шуми околу Атина – во опасност се населението и куќите

M T