14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три земји на чекор од стратешки договор – Путин, Раиси и Ердоган денеска на важен состанок во Техеран

Претседателите на Иран, Русија и Турција, Ебрахим Раиси, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретнат во Техеран за да разговараат за регионалните и меѓународните проблеми, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин ќе одржи трилатерален самит со колегите од Турција и Иран, земји гаранти на процесот во Астана од 2017 година поврзан со Сирија, што предвидува полесно спроведување на решавањето на конфликтот во таа земја.

Покрај трилатералните средби, на маргините на самитот ќе се одржат и билатерални средби, по што Путин ќе се врати во Москва.

Песков рече дека наскоро може да се постигне сеопфатен договор за стратешка соработка меѓу Русија и Иран. Според него, руската верзија на текстот на договорот била предадена на иранската страна во средината на јуни, што Техеран го пофалил.

„ Се надеваме дека по дополнителни промени, а имајќи го предвид мислењето на иранската страна, ќе биде можно да се потпише договорот во блиска иднина – додаде Песков.

Запрашан за коментар за можното зголемување на трговската размена меѓу Русија и Иран од сегашните четири милијарди долари на 10 до 15 милијарди, Песков рече дека тоа може да биде значително повеќе.

„ Рускиот лидер е поддржувач на идејата дека треба да се оди со најамбициозните цели. Сигурен сум дека претседателот Путин верува дека е можно да се стигне до високото скалило. Тоа се реални стандарди за нас, потенцијалот на нашите две земји е голем. Москва и Техеран треба да направат многу, не само на билатерално ниво – додаде Песков.

Се додава дека покрај билатералните односи ќе се разговара и за регионални и глобални прашања. На дневен ред на самитот ќе се најдат последните случувања во Сирија, борбата против терористичките организации, обидите за политичко решение, хуманитарната ситуација и доброволното враќање на Сиријците во нивните домови.

Претседателот на Турција на маргините на самитот ќе оствари и билатерална средба со рускиот колега.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Украина го направи првиот чекор кон пристапување во Европската унија

M T

СИТЕ ГИ ПРАВАТ ИСТИТЕ ГРЕШКИ ПО ТУШИРАЊЕ: Овој чекор е клучен да го направите веднаш штом ќе излезете од кадата!

M T