3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Првиот човек на Путин преживеал обид за атентат со труење, му се слошило после работа но го спасиле

Од синоќа меѓународните медиуми известуваат за наводниот обид за атентат врз Николај Патрушев (71), поранешен шеф на тајната служба ФСБ и секретар на Советот за безбедност на Кремљ, кој наводно бил итно пренесен во болница во последните денови откако се чувствувал лошо.

Резултатите од токсиколошките тестови откриле дека Патрушев бил погоден со „синтетички отров“, но на крајот го преживеал наводниот обид за атентат.

Се вели дека поранешниот шеф на ФСБ е десната рака на Путин и на кого Путин му ја предава власта кога тој е отсутен поради медицински причини.

„Неодамна е извршен атентат врз секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев – објави каналот Телеграм, повикувајќи се на извори од Кремљ.

Се додава дека „информациите за самиот обид за атентат и истрагата се чуваат строго доверливи“.

„ Познато е дека Николај Патрушев се чувствувал лошо вечерта после работа, речиси веднаш откако си заминал дома. Обезбедувањето брзо реагирало и веднаш повикало лекарска екипа кај него. По укажаната помош, Патрушев во стабилна состојба е пренесен дома. Резултатите од неговата анализа потврдија дека токсичната супстанција е синтетички отров.

Во извештајот се наведува дека Патрушев „се спасил со навремена медицинска помош и, веројатно, со недоволно висока концентрација на отровната материја која преку кожата влегла во телото“.

Не е познато кога се случил наводниот напад.

Сепак, нема докази или независна потврда за тврдењето за труење, а Кремљ не ги коментираше шпекулациите.

Патрушев бил виден на 5 и 6 јули на источните територии на Русија, но оттогаш не се појавил во јавноста се додека, наводно, во петокот не присуствувал на телевизиска видео конференција на руски официјални претставници. Тој, наводно, присуствувал на состанокот на Советот за безбедност во петокот, иако не бил јасно сликан.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Потпретседателката на Аргентина за атентатот: Жива сум поради Господ и Богородица

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

M T