13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грабеж во Калифорнија, украден накит во вредност од 10 до 100 милиони долари

Крадци во Калифорнија украле накит и скапоцени камења вреден повеќе милиони долари откако упаднале во безбедносно возило без надзор, кое застанало на паркинг додека се враќало од саем, соопшти полицијата.

Грабежот се случил во Јужна Калифорнија, соопштија властите, откако двајца вооружени чувари се оддалечиле.

Приколката, која и припаѓала на безбедносна компанија, патувала од изложба за накит во заливот Сан Франциско до Пасадена на друг настан.

Не е јасно дали осомничените го следеле возилото на патот долг 600 километри или го пресретнале возилото на паркинг, изјави Мајкл Милески, наредник на шерифот од Лос Анџелес.

Работниците од обезбедувањето го пријавиле грабежот околу 2 часот по полноќ на 11 јули, откако забележале дека е скршена бравата на приколката, изјавил Милески.

Засега не е јасно колку време чуварите го оставиле возилото без надзор на бензинската пумпа.

Загуба од повеќе од 100 милиони долари пријавиле 18 сопственици на накит, додека од компанијата за обезбедување изјавиле дека украдените предмети вредат помалку од 10 милиони долари, според тамошните медиуми.

„Соработуваме со органите на прогонот и целосно ќе им ја надоместиме вредноста на имотот што им е украден на нашите клиенти, согласно условите од договорот“, се вели во соопштението.

Бренди Свонсон, директор на Меѓународниот саем, рече дека продавачите кои изложуваат на изложби недоволно го осигуруваат накитот поради високите суми.

„Тие се уништени. Некои од овие луѓе го загубија целиот свој живот“, изјавил Свонсон.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Калифорнија, три лица загинаа

M T

Срби уапсени во Германија – Организирале грабеж

M T

Несреќа при грабеж во Русија – едно лице загина

M T

Пронајдена плантажа со марихуана вредна милијарда долари во Калифорнија

M T

Силен земјотрес го погоди северниот дел на Калифорнија

M T

Украдено BMW-то на скопјанец

CENTAR MKD