5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИКSHOWBIZ

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Даниел Крег веќе втора година по ред е најплатениот актер во светот благодарение на „Нетфликс“, кој ги презеде претстојните две продолженија на крими-трилерот „Нож во грб“ (Knives Out) со договор со кој се обврза да му исплати 100 милиони долари.

Сумата е толку висока затоа што „Нетфликс“ ги зема предвид позадинските износи што би ги добиле ѕвездите доколку филмот се прикажува исклучиво во кината.

Крег за двете продолженија на „Нож во грб“ заработи над 100 милиони долари, согласно договорот со „Нетфликс“, кој на актерите им го надополнува профитот што би го добиле доколку филмот е достапен само во киносалите.

Крими-трилерот на Рајан Џонсон, во кој сега веќе поранешниот 007 го портретира детективот Беноа Бланк, почнува со класичен заплет – убиство на богат писател на крими романи кој зад себе има огромно наследство – со што мотивот некој од семејството да го убие станува очигледен.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

САД ги ставија „Тенсент“ и „Алибаба“ на листата на „озлогласени пазари“

M T

Објавена листа на најпаметните и „најглупавите“ народи: Еве каде се македонците

M T

ОРМ: Неопходно е дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, а минималната плата треба да се зголемува постепено

M T