13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија денеска ја очекува најтоплиот ден во историјата, возовите се откажани поради жештините

По најтоплата ноќ во историјата, Британија денеска е во исчекување на најтоплиот ден досега со температури до 40 степени Целзиусови, а Метеоролошката канцеларија издаде црвено предупредување за поголемиот дел од Англија, од Лондон до Јорк и Манчестер.

Поради рекордните температури во Британија возовите запреа, некои училишта се затворија, а зоолошките градини им нудат џиновски ледени лижавчиња на своите жители, пренесуваат британските медиуми.

Велика Британија, која вообичаено се бори да ги одржи транспортните услуги во услови на екстремни жештини, екстремен студ и снег, прогласи национална тревога откако живата во термометрите го надмина претходниот рекорд од 38,7 степени Целзиусови во 2019 година.

Министерот за транспорт и врски, Грант Шапс, предупредува дека ќе бидат потребни години да се модернизира инфраструктурата што може да издржи високи температури, истакнувајќи дека голем дел од неа е инфраструктура од викторијанската ера која не може да ги издржи горештините.

„Каде што е 40 степени во воздухот, на земја може да биде и 50, 60, 70 и повеќе, така што постои голема опасност од свиткување на шините“, предупредува министерот, најавувајќи рестрикции во железничкиот сообраќај.

Поголемиот дел од Европа буквално гори веќе една недела, а шумски пожари беснеат во Португалија, Шпанија и Франција.

Топлотниот бран во Британија го наруши железничкиот сообраќај, но и воздушниот сообраќај. Лондонскиот аеродром Лутон одложи голем број летови поради проблеми со топлата писта.

Некои железнички линии, како што е клучната на релацијата североисточна Англија-Лондон, се откажани.

Јавноста е исто така предупредена да се воздржи од разладување во езерата и реките каде досега се удавиле двајца тинејџери.

Зоолошката градина во Честер се затвора, а зоолошката градина во Бристол најави дека ќе им понуди на мајмуните, папагалитњ и црвените панди топчиња мраз исполнети со зеленчук и лисја.

Туристите во Лондон спас од горештините бараат во градските фонтани, а при посетата на градот ја прифатија тактиката „од сенка до сенка“, избегнувајќи ја сончевата страна на улиците.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британија во жалост, светот се збогува со кралицата Елизабета Втора

M T

Британија ќе инвестира 700 милиони фунти за нова нуклеарна централа

M T

Штрајк на 115.000 поштенски работници во Британија

M T

Британски медиуми: Поради војната во Украина, ЕУ и Британија би можеле да се вклучат во трговска војна

M T

Британија: Се очекуваат интензивни борби во источна Украина

M T

Британија го приземји авинот на рускиот милијардер Евгениј Швидлер

M T