12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Поднесена тужба против компанијата „Марс“ поради токсини во бонбоните „Skittles“

Против американскиот прехранбен гигант, компанијата „Марс“, е поднесена колективна тужба, во која се тврди дека нејзините познати бонбони „Skittles“ се небезбедни за човечка исхрана бидејќи содржат познат отров што кондиторската компанија вети дека ќе го отстрани во 2016 година.

Во колективната тужба, која беше поднесена кон крајот на минатата недела во Окружниот суд на САД за Северната област Калифорнија, пишува дека бонбоните „Skittles“ се небезбедни за потрошувачите поради зголеменото ниво на титаниум диоксид, додаток на храната, објавија западните медиуми.

Според тужбата, титаниум диоксидот ќе биде забранет во ЕУ следниот месец, откако европскиот регулатор за безбедност на храната го оцени како небезбеден поради неговата способност да ја менува човечката ДНК.

Понатаму се додава дека овој додаток, кој се користи и во производството на бои, лепила, пластика и материјали за покриви, може да предизвика оштетување на ДНК, мозокот и внатрешните органи, како што се лезии на црниот дроб и бубрезите, пренесува Раша тудеј.

Рационалниот потрошувач очекува дека „Skittles“ може безбедно да се купат и консумираат како што се рекламираат и продаваат. Сепак, овие производи не се безбедни“, се наведува во тужбата.

Во 2016 година, „Марс“ јавно вети дека ќе го исфрли титаниум диоксидот од своите производи во наредните години. Компанијата во текот на викендот соопшти дека употребата на титаниум диоксид во нејзините производи е во согласност со прописите на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), одбивајќи да коментира за судскиот спор што е во тек.

За разлика од Европската агенција за безбедност на храната, која објави во мај 2021 година дека титаниум диоксидот повеќе не може да се смета за безбеден како додаток на храна, тој сè уште е легален во САД, бидејќи федералните регулативи на ФДА дозволуваат негова употреба за бои за храна воопшто. Во исто време, ФДА пропиша дека количината на овој додаток не смее да надминува 1,0 отсто од тежината на производот.

Во тужбата се бара неодредена отштета за измама и кршење на законите за заштита на потрошувачите во Калифорнија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Марс е во знакот Близнаци и нема да ја смени позицијата до 25 март: Овој знак го чека успех на сите полиња, а изразената интелигенција ќе го спаси од големи животни проблеми

M T

ЕУ покренува тужба против Полска

M T

Поднесена тужба против Болдвин: Нема пукање со пиштол во сценариото

M T

Член на екипатa поднесе тужба за небрежност против Болдвин и продуцентите на Rust

M T

Рускиот режисер кој снимаше во вселената вели следна дестинација е Месечината или Марс

M T

Адвокати во САД поднесоа тужба против „Гугл“ поради Андроид

M T