12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Војната во Украина во фокусот на утрешниот самит на Г20 во Индонезија

Министрите за надворешни работи на Групата 20 (Г20) денеска доаѓаат на Бали, Индонезија на разговори во кои ќе доминира конфликтот во Украина.

„Официјалната“ агенда е фокусирана на глобалната соработка и безбедноста на храната и енергијата, пренесува АП.

Состанокот на министрите на 19-те најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија, ќе се одржи утре, а шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји и првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров застанаа во неколку азиски престолнини пред да пристигнат во Индонезија, собирајќи поддршка и зајакнување на нивните врски во регионот пред преговорите.

САД и нивните сојузници се обидуваат да го казнат рускиот претседател Владимир Путин на што е можно повеќе начини за нападот врз Украина, вклучително и заканите дека ќе го бојкотираат самитот на Г-20 на Бали, планиран за ноември, доколку Путин присуствува на истиот.

Затоа, како овогодишен претседавач на Г-20, Индонезија е принудена да игра поконструктивна улога на меѓународната сцена, наместо да дејствува само како „организатор на настани“, наведува АП. Земјата се обидува да остане неутрална во однос на руската инвазија на Украина, а претседателот Јоко Видодо беше првиот азиски лидер што ги посети завојуваните земји.

Украина не е членка на Г-20, но Видодо го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на ноемврискиот самит со Путин, надевајќи се дека тоа ќе ги смири сите страни и ќе спречи какво било нарушување на агендата на форумот. Зеленски најави дека нема да присуствува доколку војната продолжи и реши да ги следи дискусиите преку видео врска.

Видодо, наводно, рекол на маргините на неодамнешниот самит на Групата седум (Г7) во Германија дека ниту Путин нема да дојде, а Москва соопшти дека конечната одлука сè уште не е донесена, според АП.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се исто така високи пред самитот, при што Кина дополнително ја заостри својата реторика со САД и НАТО, само неколку дена пред американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји да се сретнат на Бали.

Русија и Украина сочинуваат една третина од светскиот извоз на пченица, а само Украина одгледува доволно жито за да нахрани 400 милиони луѓе, додека поради блокадата на Москва, Киев може да извезува само 2 милиони тони месечно, 60 отсто помалку од вообичаеното.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Путин и Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самитот во Узбекистан

M T