19.8 C
Скопје
24. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Претседателот на Шри Ланка го моли Путин за помош, за увоз на гориво

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса вели дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин за помош за неговата земја да увезе гориво. Шри Ланка моментно се наоѓа во најголема економска криза уште од кога имаат независност, од 1948 година.

Рајапакса вели дека имал продуктивен разговор со Путин. Разговарале откако министерот за енергетика на Шри Ланка викендов предупреди дека земјата наскоро би можела да остане без гориво.

Вчера стотина луѓе излегле на улиците во главниот град за да протестираат против владата.

„Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво. Понизно побарав летовите меѓу Моксва и Коломбо да продолжат. Едногласно се сложивме да ги зајакнеме билатералните односи во секторите туризам, трговија и култура, но најважно е пријателството кое го делат нашите нации“ објави Рајапакса на Твитер.

Недостигот на гориво, струја и храна во Шри Ланка трае со години, а во неделата министерот за енергетика изјавил дека на земјата и останал бензин доволен за само уште еден ден.

Можеби ќе ве интересира

Британската министерка за надворешни работи: Говорот на Путин предизвикува страв од ескалација на конфликтот

M T

Бен Валас е убеден дека најавата на Путин за мобилизација е признание дека неговата инвазија пропаѓа!

M T

Путин најави делумна мобилизација: Целта на Западот е да ја ослаби, подели и уништи Русија

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T