11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, предградие на Чикаго.

„Роберт Е Кримо III (22) е приведен по кратка потера“, соопшти полицијата.

Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите користејќи пушка со голема моќност, јавува Би-Би-Си.

Ова е последното масовно пукање што ги погоди САД. Од почетокот на 2022 година, секоја недела има по едно масовно пукање. Претседателот Џо Бајден рече дека е шокиран од насилството.

Неколку часа подоцна, двајца полицајци беа ранети во пукање во Филаделфија за време на огномет на 4 Јули.

Вооружениот напаѓач отвори оган на парадата, во близина на градот Чикаго, околу 10:15 часот по локално време, само неколку минути по нејзиното започнување.

Гувернерот на Илиноис Џеј Роберт Прицкер предупреди дека масовните престрелки стануваат американска традиција.

„Ќе има луѓе кои ќе кажат дека денес не е тој ден, дека сега не е време да се зборува за оружје. Ви велам дека нема подобар ден и подобро време од овде и сега“, рече демократскиот гувернер.

Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да се бори против „епидемијата на оружено насилство“ во земјата.

– Нема да се откажам – рече тој говорејќи пред Белата куќа во Вашингтон.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода

M T

Западот подготвуваше инвазија на Русија, рече Путин на парадата во Москва

M T

Првоосомничениот за убиството на Тот спроведен во Затвор Скопје за издржување мерка притвор

M T

Страшно убиство во Атланта – Бебе погодено со куршум во пукотница на две банди

M T

Убиство во Лондон – Избодена жена, маж прегазен со возило

M T

Повеќекратно убиство во Милвоки – Во куќа пронајдени пет тела

M T