12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Силен скок на новозаразени: Нови 293 случаи на коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .

Спонзорирано: