9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас.

Тој вети дека ќе ја врати контролата врз областа, „благодарение на тактиката на армијата и изгледите за пристигнување на ново, подобрено оружје“.

„Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот, каде што непријателот има најголема предност, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само една работа“, рече Зеленски во видео-обраќањето вечерва.

Украинската воена команда претходно објави дека украинските сили биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск.

„Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици. За да се спасат животите на бранителите на Украина, донесена е одлука за повлекување“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше рускиот претседател Владимир Путин за наводното ослободување на самопрогласената Луганска народна република (ЛПР) и воспоставувањето целосна контрола над Лисичанск.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Зеленски: Русија насекаде остава смрт, мора да одговара за тоа

M T

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доживеа сообраќајна несреќа

M T