19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

Одлуката за започнување на руска специјална воена операција за заштита на Донбас беше тешка, но добро осмислена и изнудена, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Не беше лесно да се донесе одлука, но токму затоа беше добро обмислена и избалансирана“, рече тој во говорот на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.

„Кога се исцрпени сите средства за мирно решение, кога направивме се за да ја решиме ситуацијата со дипломатски методи, поинаку веќе не беше можно“, изјавил Медвдев пишуваат медиумите.

„И тоа директно го илустрира повлекувањето на украинските функционери од претходно објавените намери и нивното признавање дека договорите од Минск се само изговор за добивање време за зајакнување на вооружените сили“, посочил Медведев.

Зборувајќи за заканата од НАТО, Медведев напоменал дека Русија веќе 30 години упорно и трпеливо се обидува да постигне договор за принципите на еднаква и неделива безбедност во Европа.

„Одговорот беа само трикови, измами, притисоци и уцени. Беше бескорисно. Никој не не слушна“, нагласил Медведев.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Австралија ја смени одлуката – Ерусалим не е главен град на Израел

M T

Медведев: На Маск да му се додели нов офицерски чин

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T