17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кисинџер: Војната во Украина може да се заврши на три начини

Украинската криза може да заврши на три начини, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.

Според неговото мислење, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со неговиот главен индустриски и земјоделски регион и појас земја долж Црното Море.

„ Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа (за Русија). Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер.

Друго сценарио, објаснува тој, би бил обид да се „истисне“ Русија од Крим, кој беше обединет со Русија многу пред почетокот на специјалната воена операција. Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалација на конфликтот.

„Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија“, посочи тој.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари, односно до почетокот на специјалната операција.

„ Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Кисинџер претходно изјави дека Украина треба да ѝ отстапи територија на Русија за да го прекине конфликтот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Зеленски: Не е точно дека струјата поскапе поради војната, Русија претходно вештачки ги зголеми цените

M T

Резников: Најлошото сценарио е зад нас

M T