20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Северниот Јадран преплавен со медузи

Медузите годинава го поплавија северниот дел на Јадранот.

Медузата може да предизвика болки како од изгореници и нејзиниот допир може да биде болен, особено за луѓето со чувствителна кожа и за децата“, вели доктор Тјаша Коговшек од Центарот за морски истражувања во Ровињ. Според неа, оваа година морето е променето и медузите полесно се прилагодуваат на тие услови.

Како можна причина за појавата на голем број медузи ја наведува температурата, но не исклучува и некои други фактори.

На прашањето дали вака ќе биде цело лето, таа за загрепската телевизија N1 изјави дека медузите се присутни во текот на целата година и дека повеќето од нив се во зима.

Сега е сезоната на компас медузите од февруари до јули. Потоа следат други видови, секој вид има своја сезона кога се појавува, објаснува таа.

Ги повика капачите да не ги допираат.

Спонзорирано: