20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка смисла.

Ова го изјави Андреј Климов, шеф на комисијата на Советот на Федерацијата за заштита на државниот суверенитет.

„Русија е толку моќна воена и политичка сила што овие земји немаат никакво значење во глобална стратешка смисла“, рече Климов.

Тој нагласи дека учеството на северните соседи на Русија во алијансата „нема да ги подобри“ нивните односи со Москва. Во исто време, и Шведска и Финска имаа одредени придобивки од нивната неутралност, а со зајакнувањето на воената инфраструктура на нивната територија „ќе си направат проблеми“, изјави Климов.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку брзо Шведска и Финска можат да влезат во НАТО, Климов истакна дека „брзината со која се постигнува таа цел треба да ги загрижува“.

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за проширување на НАТО кон овие две земји.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T

Москва забрани влез на воени функционери од ЕУ

M T

Москва не очекува промени во односите со Велика Британија по изборот на Трас

M T

Русија: Игнорирањето на НАТО на црвените линии на Москва е ризично

M T

Нови тензии меѓу Париз и Москва

M T