18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Ќе побараме нови пазари и така ќе ги заобиколиме санкциите на злато

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека потезите на земјите членки на Г7 за забрана на руското злато се незаконски и потенцира дека ќе побараат нови пазари за да ги заобиколат санкциите.

„Пазарот со благородни метали е глобален. Прилично е голем, опширен и разнолик“, вели Песков.

Тој вели дека „ако пазарот ја загуби својата привлечност како резултат на недопустливите одлуки, ќе дојде до пренасочување таму каде што побарувачката е поголема“.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија одлучија на состанокот на Г7 во Германија да го забранат увозот на руско злато во новите пакет-мерки кон Москва поради нејзините санкции кон Украина.

Извозот на злато е втор најголем извор на приходи за Русија. Годишно произведуваат меѓу 350 и 380 тони од овој драгоцен метал.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Песков: Русија работи на нов концепт на надворешната политика

M T

Песков: „Русија има план доколку НАТО се прошири“

M T

Додека барал злато, откопал мумифициран мамут

M T

Песков: Нема да носиме избрзани одлуки околу Калининград, се надеваме на најдоброто, се подготвуваме за најлошото

M T

Песков: Двајцата заробени Американци ќе одговараат за злосторствата што ги направија

M T