17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Литванија цел на хакерски напади, погодени државни институции

Државните институции во Литванија се погодени од хакерски напади од озлогласената руска група „Килнет“, јавуваат светските агенции.

Хакерите по падот на сајтовите на институциите на оваа балтичка земја, ја презеле одговорноста и изјавиле дека нападот е одговор на тоа што Литванија го блокирала преносот на руски стоки преку нејзината територија до руската енклава Калининград, пишуваат медиумите.

Анализираат дека Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница која минува низ територијата на Литванија.

Центарот за национална безбедност во таа балтичка земја очекува уште поинтензивни напади во наредниот период.

„Многу е веројатно нападите со сличен или поголем интензитет да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор“, се вели во соопштението на центарот.

Хакерската група „Килнет“ соопштила дека ќе продолжи со нападите доколку не се промени состојбата со транспортот на стокаи.

Освен на боиштата, според медиумите, руско-украинската војна се води и на сајбер просторот. Според написите, хакерите на групата „Анонимуси“ застанале на украинската страна, додека руските хакери се насочени кон спротивставени држави, воени и приватни институции.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Трите балтички земји воведуваат забрана за влез на Русите

M T

Реакција од Балтикот на руската закана од нуклеарно оружје: Тоа е глупост

M T