14.8 C
Скопје
1. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БизнисСвет

Јапонија најави проширување на санкциите кон Русија, ќе им го замрзне имотот на 70 компании и поединци

Јапонската влада ќе ги прошири индивидуалните и санкциите во однос на извозот од Русија, изјави премиерот Фумио Кишида на самитот на Г7 во Германија.

Според извештајот, Јапонија има намера да им ги замрзне имотите на 70 руски физички и правни лица поради ситуацијата во Украина и да воведе дополнителни санкции поврзани со извозот за уште 90 руски организации за кои официјален Токио смета дека имаат врски со одбранбената индустрија.

Новите пакет-мерки ќе ги забрани и сметководствените и доверливите услуги за Русија и увозот на руско злато како што претходно најавија од Велика Британија.

Јапонските власти досега воведоа неколку пакет-санкции против Русија на списокот со повеќе од 700 руски државјани. На црната листа се и Белорусија и самопрогласените народни републики Донецк и Луганск, како и над 200 руски и белоруски компании.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

111 санкции за брзо возење

M T

50 санкции за недавање првенство на минување

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T