20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Додека барал злато, откопал мумифициран мамут

Рудар во северна Канада копал во потрага по злато, но нашол нешто неверојатно – мумифициран мамут.

Локалните палеонтолози пронајдокот го опишаа како „неверојатно животно од леденото доба“ за кој се смета дека е постар од 35.000 години.

„Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка“ вели Грант Зазула, палеонтолог.

Мамутот на поголемиот дел од телото ја има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека мамутот имал околу еден месец кога угинал. Долг е околу 140 сантиметри.

Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште.

Неговото тело е добро зачувано затоа што, најверојатно, малиот мамут останал заробен во мочуриште пред да смрзне.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Песков: Ќе побараме нови пазари и така ќе ги заобиколиме санкциите на злато

M T

Цените на акциите драстично паднаа, нафтата и златото скокнаа

M T

Нацистичко злато вредно повеќе од милијарда фунти закопано под палата во Полска

CENTAR MKD